Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Томовски: Правиме голем исчекор, ќе се набават 100 амбулантни возила

    Томовски: Правиме голем исчекор, ќе се набават 100 амбулантни возила

    21.09.2025 во 10:582 Mins Read
    Ивица Томовски, СОЗР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Сител во „Тема на денот“ истакна дека од продажбата на службените возила кои се вон употреба ќе се набават 100 амбулантни возила и тоа 80 во 2026 година додека останатите 20 во 2027 година, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

    „Од продажбата на овие возила коишто ќе ги расходоваме проценето е дека почетната цена би била некаде околу 1 милион и 600 илјади денари, тие средства одат во буџетот на државата, после тоа од тој буџет на државата ќе одлучуваме што понатака.  На последната седница на Влада помина одлука со којашто се задолжи Министерството за здравство да набави 100 амбулантни возила во текот на наредната година, со одложено плаќање на пет години. 80 возила ќе бидат набавени во 2026 година останатите 20 возила ќе бидат набавени во 2027 година, правиме некаков исчекор, ги расходоваме овие возила, и почнуваме со набавка на амбулантни возила а сум убеден дека истото ќе се пристапи и кон противпожарни возила“, рече Томовски.

    Во врска со обвинувањата на СДС и нивната кампања Томовски додаде:

    „Во врска со СДС и ДУИ живеат уште во минатиот век, никако да излезат од онаа нивна матрица, има подметнување на пожари, обвинувања разноразни за некакви набавки, очекувам дека ќе продолжат со таква кампања бидејќи немаат конкретна понуда кон граѓаните и би им дал совет доколку сакаат да им се доближат на граѓаните, доколку сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните треба да пристапат кон решавање и понуда на конкретни решенија за одредени проблеми во општеството. Ние ќе водиме позитивна кампања, кампања на проекти, не очекувам ништо поразлично“, дециден е Томовски

    Прочитај повеќе

    СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности

    19.09.2026 во 14:54

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.