- Лефков: Над 80% од граѓаните се против уставни измени под диктат, Филипче ги поддржува затоа што е уценет
- УХМР издаде метео аларм: Попладне доаѓа невреме
- Солидарност на дело: Општина Карпош доделува по 100.000 денари за семејствата на загинатите на обиколницата
- Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон ЕУ
- Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето
- Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари
- Приведена популарна турска актерка
- Судење за трагедијата во „Пулс“: Фокус на Рубикон и обезбедувањето на објектот
Author: Author 03
Јавна расправа по Предлог-законот за Советот на јавните обвинители одржа денеска собраниската Комисија за политички систем. -На расправата поканивме претставници од невладиниот сектор, академската заедница, адвокати, јавни обвинители и експерти од областа, со цел сите засегнати страни да го дадат своето мислење, предлози и забелешки, за законот да биде дополнително подобрен и да донесеме квалитетно законско решение. Верувам дека само преку отворен дијалог, транспарентност и вклучување на стручната јавност можеме да креираме закони кои ќе бидат во интерес на граѓаните и владеењето на правото, вели пратеникот Љупчо Пренџов. Истакнува дека членовите на Комисијата работат транспарентно, инклузивно и со широка јавна…
Од 2022 година нема никаква соработка меѓу македонскиот и бугарскиот архив. Според претседателот на Државниот архив на Бугарија, причината за ваквите состојби се заладените односи меѓу двете држави, но тој нагласува дека бугарската страна останува целосно отворена за соработка. Во пресрет на 75-годишнината од постоењето на Државниот архив во Македонија, се собраа претставници на 14 архиви од Европа, меѓу кои присутни беа претставици и од архивот на НАТО. Оттаму посочуваат дека во нивните фондови се чуваат значајни документи за Македонија, уште од периодот кога земјата била дел од поранешна Југославија. Домашниот архив заостанува зад своите меѓународни партнери, оценува директорот. Архивскиот материјал често се…
Здравствените власти во Бангладеш се соочуваат со сериозен аларм по веста дека најмалку 100 деца ги загубија животите како последица на епидемија на мали сипаници (морбили). Ситуацијата се опишува како критична, а властите мобилизираат итни ресурси за да го сопрат ширењето на заразата меѓу најранливата популација. Итна реакција и масовна имунизација Поради брзото ширење на болеста и високата стапка на смртност, покрената е итна кампања за вакцинација. Целта е да се опфатат илјадници деца во најпогодените региони каде здравствениот систем е под огромен притисок. „Итната набавка и дистрибуција на вакцини е наш врвен приоритет за да се спречи понатамошна катастрофа,“…
Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде се осврна на континуираниот економски раст, како и стабилните политики на Владата, и како истата се справува со кризата поврзана со енергенсите. ,,Веќе одминуваат скоро две години од мандатот, и можам да кажам дека ние сите изминати шест квартали имавме раст на БДП од 3%. Тоа донесе една подруга стабилност на оваа Влада, да може да ги менаџира евентуалните кризи коишто би настанале“, кажа Митева. Митева вели дека Владата води долгорочни економски политики со фокус на стабилност за граѓаните. ,,Ништо не се…
По одлуките на Владата за намалување на акцизата за горивата и воведување на повластена стапка на ДДВ како противкризни мерки, уште еднаш надлежните ги прифатија предлозите за кои Либерално-демократската партија алармираше уште на почетокот на конфликтот на Блискиот Исток. „Мене прво ми е многу жал што Владата на почетокот на оваа криза кога ЛДП алармираше и веднаш излезе со предлог за антикризни мерки, да не речам се однесуваше арогантно и реториката им беше ‘спијте мирно, сѐ е под контрола’. Ние во ЛДП имаме луѓе кои што се занимаваат со геополитика и ја следат состојбата. Имаме информации и од нашите сестрински…
Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде се осврна на владините мерки за цените на горивата, за што истакна дека кога станува збор за криза со енергенси, неопходно е да се води сметка за целокупната стабилност. Митева напомена дека е горда на Владата, затоа што, како што вели таа, навистина покажала повисоко ниво на одговорност и справување со кризата. ,,Владата уште пред две недели имаше вондредна владина седница, на која што тогаш ја донесе онаа првична мерка за намалување на ДДВ од 18% на 10%. Секојдневно неколку пати во денот…
Велешани направија хаос откако компанија се обиде да им подели табли со јајца за Велигден. За еден час беа поделени околу 2.000 табли со јајца. Јајцата се донација на велешани кои живеат и работат во САД, односно од компанијата „Шилер“, чија дејност е камионски превоз на стока. Настанот предизвика голем интерес кај велешани кои направија турканици за да добијат бесплатна табла јајца. Атмосферата станата бидејќи секој брзаше да земе табла. Некои од нив земаа и по две и повеќе табли.
Злоупотреба на деца за политичка промоција е недозволива и срамна, пишува на социјалните мрежи пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски. Училиштето мора да биде место за образование, воспитување и вредности, а не сцена за политички кампањи. Куманово знае да препознае кога се преминува границата. Ова е токму тоа, стои во објавата на Спасовски.
Иранските власти најавија воведување на нова такса за сите комерцијални бродови кои минуваат низ Ормускиот Теснец, една од најкритичните точки за светската трговија со нафта. Овој потег на Техеран доаѓа во период на зголемени тензии со Западот и се толкува како обид за воспоставување поголема контрола врз стратешкиот воден пат. Наплата за транзит низ „тесното грло“ на светот Според информациите, иранските власти планираат да наплаќаат надомест за користење на безбедносната инфраструктура и за одржување на безбедноста во теснецот. Со оглед на тоа што околу една петтина од вкупната светска потрошувачка на нафта поминува токму низ овој премин, секоја нова давачка…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево заради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ (по чл. 353 став 5 во врска со став 1, во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ), како и против лицето Б.К.(46) од Кичево а заради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ (по чл. 353 в, став 1 во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ). Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот во својство на градоначалник на општина Кичево, односно како…
