Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зајкова: Собранието и владата да ги прифатат предлозите – укинување на банкарските трошоци и кратење на непродуктивните државни трошења

    Зајкова: Собранието и владата да ги прифатат предлозите – укинување на банкарските трошоци и кратење на непродуктивните државни трошења

    06.04.2026 во 19:054 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По одлуките на Владата за намалување на акцизата за горивата и воведување на повластена стапка на ДДВ како противкризни мерки, уште еднаш надлежните ги прифатија предлозите за кои Либерално-демократската партија алармираше уште на почетокот на конфликтот на Блискиот Исток.

    „Мене прво ми е многу жал што Владата на почетокот на оваа криза кога ЛДП алармираше и веднаш излезе со предлог за антикризни мерки, да не речам се однесуваше арогантно и реториката им беше ‘спијте мирно, сѐ е под контрола’. Ние во ЛДП имаме луѓе кои што се занимаваат со геополитика и ја следат состојбата. Имаме информации и од нашите сестрински партии во Европа и светот бидејќи ЛДП е дел од Либералната интернационала и оние надежи дека воениот конфликт многу брзо ќе заврши, ние всушност предупредувавме дека не е тоа така наивно и дека тој може ќе потрае уште 5-6 месеци и можеби ќе се продлабочува и дека не е време за такви арогантни одговори, но дека треба да има поддршка за мерките кои што ги предлагавме. Во тој сет на мерки се и намалување на акцизата на горивата и намалување на ДДВ-то, односно повластена стапка на ДДВ“, изјави претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, во вечерашното гостување во Аргумент Плус на Телевизија 24.

    Зајкова најави дека во сетот на мерки е повторно и законот на ЛДП за намалување, односно укинување на банкарските провизии и трошоци

    „До мене секојдневно стигнуваат пораки од граѓаните колку им зема дневно банката провизии за разни работи, од проверка на состојбата на банкомат до уплата на средства и слично и мислам дека сега е време кога навистина треба да се направат мерки да се препознаат мерките на ЛДП затоа што ни е важно секој еден денар да остане во џебот на граѓаните, со цел да се задржи стандардот на граѓаните. Ако 80-90% од граѓаните сметаат дека треба да се укинат банкарските провизии, еве јас ја користам можноста и да упатам апел до секој од нив да се обрати до пратениците од нивната изборна единица, до политичките партии во кои што членуваат, да оваа мерка на ЛДП помине во Собранието, бидејќи ние сведочиме како голем дел од законите иако се добри, впрочем се одбиваат“, посочува Зајкова.

    Претседателката на ЛДП уверува дека сега е моментот Владата да истапи и да прифати и друга мерка на ЛДП – кратењето на непродуктивните државни трошоци, како што се трошоци за разни управни одбори во агенции, заменички директорски места и огромни кабинети кои што си ги носат со себе, бидејќи е важно секој денар да се сочува во џебот на граѓаните.

    „Мислам дека сега треба да се збијат редовите, нема повеќе простор за ароганција, за било каква надменост, но едноставно збивање на редовите како народ, како држава, со цел полесно да се справиме со оваа криза, бидејќи ние го немавме оној тн. луксуз кој што го имаат граѓаните на европските држави, каде Европската Унија ќе излезе со сет на грантови и ќе им помогне во ублажување на последиците од кризата. Затоа велам, нека ги прифатат овие кратења на непродуктивните трошоци од нели, ние имаме еден куп администрација, еден куп заменици директори на тела и органи кои што дури не ги ни знаеме како граѓани дека постојат или членови во регулаторни тела кои земаат и од 2 до 4 просечни месечни плати. Сето тоа се непродуктивни трошења“, вели Зајкова.

    Претседателката Зајкова додава дека Владата вели да не креваме паника, но паниката не може да изостане кога имаме изјави на претседателката на Светската централна банка која што кажува дека и тоа како треба да постои загриженост.

    „Еве денеска излезе премиерот и проекциите се дека ќе има раст на инфлацијата. Нормално е да постои и кај компаниите и кај граѓаните одредена паника и затоа велам дека треба да се прифаќаат добрите мерки. Впрочем и самата владејачка партија од позиција кога беше опозиција, нели говореше за една конструктивност, прифаќање на добрите работи, сега не гледам каде е проблемот. Јас не можам да сфатам како ако во опозиција нешто сте обвинувале и сте велеле дека некој е арогантен и не дава поддршка на вашите мерки, зошто сега истите работи повторно ги правите? Не е само во делот на законите на ЛДП за непродуктивните трошења или во делот на тоа дека за прв пат првото поднесување на законот за укинување на банкарските трошоци без аргумент не го прифатија, има низа закони, последен беше законот за електронска нараквица. Така да не можеме да зборуваме за кооперативност ако не сме спремни да прифатиме она што е добро“, заклучува претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.