- На повидок се рекордни горештини и суши – Започна нов циклус на Ел Нињо
- Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик
- Одлуки за кадровски промени на седницата на Советот на јавните обвинители
- СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци
- Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
- Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
Author: Author 03
Конечно, Универзална сала почнува да се гради, соопшти на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзална сала, повторно оживува. Започнува изградбата на објектот кој е сведоштво за духот на градот, за неговата истрајност и љубов кон културата. Проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата е предвидено да заврши до декември 2027 година. Ова е еден од клучните проекти во подготовките на Скопје за носење на престижната титула Европска престолнина на културата 2028 – признание што го става нашиот град на културната мапа…
Досега се откупени и извезени околу 100 000 јагниња во Велигденскиот откупен „шпиц“. Цената за сточарите е добра, а со исплатата на преку една милијарда денари субвенции за грло овца, се заокружува целосната исплата за одгледувачите на овци во Македонија за 2025 година, им соопшти на одгледувачите на овци министерот за земјоделство Цветан Трипуновски на денешната средба со нив во Прилеп.Откупната цена моментално е 280 денари и е повисока од лани. Има уште за да се дозаврши откушпот на јагнињата од оваа реколта. -Она што може да им го речам на одгледувачите на овци е дека се исплатени субвенциите за…
Во многу домови, гранки од јоргован се внесувале во куќата токму во деновите пред Велигден, најчесто на Велики Четврток или Велика Сабота. Не толку како украс, туку како знак дека зимата е завршена и дека започнува нов циклус. Постоел обичај јоргован да се става покрај иконите или во просторот каде што се бојадисуваат јајцата. Се верувало дека мирисот на цветот „го чисти“ домот и носи благослов, но и дека ја задржува свежината во просторот. Во некои краеви, луѓето ставале гранче јоргован на прозорецот или на вратата – како знак дека домот е подготвен за празникот. Интересно е што јоргованот често…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, при што двајцата ја разгледаа актуелната состојба на Блискиот Исток, со фокус на синоќа објавеното привремено примирје меѓу Вашингтон и Техеран. За време на разговорот, Ердоган го изрази своето задоволство од договорот меѓу САД и Иран и нагласи дека двениделниот „прозорец на можности“, што се отвори по 40 денови полни со предизвици за целиот свет, мора да биде искористен за постигнување траен мир. Турскиот претседател предупреди дека не смее да се дозволи никаков саботажа на овој мировен процес, пренесува Анадолија. Ердоган, исто така, потенцираше дека поддршката…
Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа се осврна на одржувањето на вториот дијалог, односно втората сесија на стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД. Таа додаде дека нашата држава бележи големи успеси коишто треба да бидат гордост за секој македонски граѓанин. „Освен овој стратешки дијалог којшто го отвораме со САД, ние претходно имавме и склучување партнерство со Велика Британија. Освен овој стратешки дијалог којшто го отвораме со САД, ние претходно имавме склучување на стратешко партнерство со Велика Британија, и многу важен момент за македонските граѓани беше и затворање на мониторинг од страна…
Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, упати искрена критика кон првичните проценки за конфликтот во Украина, признавајќи дека администрацијата се соочува со многу покомплексна ситуација на теренот отколку што се предвидуваше. Според него, иако постоеше оптимизам за брзо дипломатско или воено решение, реалноста покажува дека ова е „најтешкиот орев за кршење“ во актуелната глобална политика. Венс нагласи дека приоритет на американската администрација останува изнаоѓањето начин за прекин на огнот, но патот до таму е полн со стратешки пречки кои првично биле потценети. „Мислевме дека ова ќе биде најлесното прашање за решавање на масата, но излезе дека војната во Украина е најтешка…
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, постави прашање до министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во однос на потфрлувањето на реализацијата на проектите во општините, за што владата најави 250 милиони евра од унгарскиот кредит. Бочварски посочи дека откако завршија локалните избори, интензитетот на овие проекти опаѓа, и а владата со намален интензитет работи на овие проекти кои што беа најавени како многу значајни за граѓаните. Во продолжение е интегралното обраќање на Бочварски: „Првите две се за Министерството за локална самоуправа. Првото прашање сакам да го поставам, а и второто секако во…
Странското мешање и манипулирање со информации станува се’ посериозен предизвик за демократските процеси, јавната доверба и националната безбедност. Ниту една држава не е отпорна на овој тренд, ниту нашата. Македонија како земја е изложена на различни надворешни влијанија и ризици, што ја прави особено ранлива по ова прашање. Но, дали имаме механизам како да се справиме? Владата има креирано неформално тело кое истражува дали институциите се запознаени со терминот странско мешани и манипулирање со информации, но немаме конкретна стратегија, протоколи, ниту соодветен систем како да се справиме со оваа појава на правилен начин. За разлика од нас, Британците можат да…
Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани! Некогаш најфотографираното катче во срцето на Скопје, создадено во 70-тите години од минатиот век, овој препознатлив симбол на чистота и убавина, ,,Лотосов цвет”, денес повторно блеска. По години на запуштеност и заборав, фонтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување. Ова е враќање на едно чувство, на едно место што обединува генерации, каде се раѓале првите љубови и каде секој чекор носи своја приказна и секој агол чува дел од нечија младост. Нека „Лотосов цвет“ повторно биде место за средби, за насмевки, за уживање и за…
Човештвото уште еднаш сведочи на историски моменти надвор од нашата планета. По повеќе децении, стигнаа првите фасцинантни кадри и едно сосема поинакво „селфи“ — она направено во длабоката вселена со Месечината во заднина. Оваа фотографија не е само обичен дигитален запис, туку симбол на новата ера на лунарни мисии и амбицијата на човекот да се врати таму каде што за последен пат зачекори пред повеќе од 50 години. Историски кадар во вистинско време Фотографијата е направена од најмодерната вселенска летала во рамките на тековните мисии кои имаат за цел повторно да воспостават постојано човечко присуство на Месечината. На неа се…
