- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
Author: Author 03
Силно невреме проследено со поројни дождови, грмотевици и олуен јужен ветер повторно го зафати далматинскиот брег. Под влијание на циклонот над Јадранското Море, регистрирана е силна циклонска плима која предизвика морето забрзано да се крева и да навлегува во крајбрежните населени места. Најкритична е состојбата во Каштела, Сплит и Трогир, каде нивото на морето е за околу 60 сантиметри над просекот. Најголемиот бран на невремето се случи во текот на ноќта, а особено погоден беше долно-каштеланскиот брег. Во Каштел Нови и кај плажата Габине водата веќе навлезе на патиштата и во пристаништата, принудувајќи ги жителите да поставуваат импровизирани брани од…
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики по повод апсењето на Ендру Маунтбатен-Виндзор, нарекувајќи го целиот настан „срам“ и „многу тажен“ за британското кралско семејство. Во изјава за новинарите за време на неговото патување кон државата Џорџија, Трамп изрази жалење за ситуацијата во која се наоѓа братот на британскиот монарх. Претседателот на САД искористи прилика да го пофали кралот Чарлс Трети, опишувајќи го како „фантастичен човек“ и откри дека британскиот суверен многу скоро ќе ги посети Соединетите Американски Држави. Според Трамп, актуелните случувања се исклучително лоши за имиџот на монархијата, особено во пресрет на вакви значајни меѓународни посети. Ендру беше…
Ендру Маунтбатен-Виндзор е ослободен од притвор по речиси 12-часовно испитување во полициската станица во Норфолк. Поранешниот принц беше приведен под сомнение за недолично однесување на јавна функција и злоупотреба на службената должност, поврзани со неговите релации со покојниот финансиер Џефри Епстин. Иако е пуштен на слобода, полицијата потврди дека истрагата против него продолжува со полн интензитет. Обвинувањата се однесуваат на периодот кога Ендру служел како специјален трговски пратеник на Велика Британија. Според документи објавени од американското Министерство за правда, тој наводно споделувал чувствителни и доверливи информации со Епстин. Меѓу спорните материјали се извештаи од официјални посети на Хонг Конг, Виетнам…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави радикален потег кој со децении го бранува јавното мислење – објавување на сите тајни досиеја поврзани со вонземски живот и неидентификувани летечки објекти (НЛО). Преку својата платформа „Трут Сошал“, тој објави дека ќе им наложи на федералните оддели и агенции да ги лоцираат и јавно да ги објават сите записи за кои постои огромен интерес кај американските граѓани. 🚨President Trump says he may declassify the alien files, Obama revealed classified informationDoocy: “Barack Obama said aliens are real. Have you seen any evidence of non-human visitors to Earth?”Trump: “He gave classified information. He’s not supposed to…
Речиси половина милион овци и кози, односно точно 479.821 грла добиток, се умртвени во Грција во периодот од август 2024 до 15 февруари годинава поради ширење на сипаницата. Според официјалните податоци од грчкото Министерство за земјоделство и Националната научна комисија, во овој период биле потврдени вкупно 2.015 случаи во 2.610 сточарски фарми. Само во последната недела од извештајот се регистрирани 11 нови случаи во седум различни региони. Од надлежното министерство нагласуваат дека почитувањето на мерките за биолошка безбедност останува единствениот начин за ограничување на болеста. „Одгледувачите мора доследно да ги следат упатствата на ветеринарните служби и предвидените протоколи“, соопштија од…
Британската монархија се соочува со досега невидена криза. Поранешниот принц Ендру, кој веќе подолго време е во центарот на скандалите поврзани со Џефри Епстин, стана првиот висок член на кралското семејство во модерната историја кој е уапсен. Паралелно со правните проблеми, медиумите пренесуваат дека тој е и првиот член кој бил целосно изоставен од тестаментот на неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора. Кралското семејство се дистанцира Додека правниот притисок расте, Бакингемската палата зазеде остар став. Принцот Вилијам и принцезата Кетрин јавно изразија загриженост за новите откритија и содржината на досиејата поврзани со случајот Епстин. „Можам да потврдам дека принцот и…
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство. Продолжуваме посветено да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да придонесуваме кон одржлив и конкурентен развој на македонското земјоделство, велат од МЗШВ.
Нова градинка за 200 деца се гради во Бутел и е речиси во завршна фаза, но без точни информации кога ќе биде завршена и кога првите дечиња же бдат згрижени во неа. Денеска, на увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2 беа градоначалникот Дарко Костовски и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковск – Градежните активности напредуваат со одлична динамика и се во завршна фаза. Стариот објект кој беше изграден во далечната 1964 години е срушен и на негово место локалната самоуправа гради нова детска градинка на површина од 1800 м2. Новиот…
Педесетгодишен скопјанец е уапсен откако направил сериозен инцидент пред маркет во населбата Ѓорче Петров, каде нападнал две лица, а потоа со закани ја внел својата поранешна партнерка во автомобил и физички ја нападнал. Настанот се случил на 18 февруари околу 22:50 часот. Полицијата го привела П.Г. (50) од Скопје по пријава дека пред маркет најпрво физички ги нападнал В.С. (40) од Скопје и С.В. (51) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој потоа со закани ја натерал својата 44-годишна поранешна партнерка да влезе во неговото возило, по што физички ја нападнал. При проверките било утврдено дека осомничениот бил под дејство на…
Институтит за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование, кои биле утврдени на состанок на неговиот научен кадар. Директорката Елена Јованова-Грујовска изјави дека побарале да нема интервенција откако беше спомнато дека може ќе се намалува бројот на студиски програми на кои се запишани двајца до пет студенти. -Во ера на глобализација многу е битно да останат студиите од прв, втор и трет циклус на македонски јазик, затоа што ако во Македонија не се изучуваат, каде да бараме да се изучуваат на друго место. Потоа побаравме изедначување на критериумите за одење во следните звања. Институтот вработи солиден број кадар…
