Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трипуновски: Извезени се над 100 000 јагниња за Велигден

    Трипуновски: Извезени се над 100 000 јагниња за Велигден

    08.04.2026 во 19:013 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Досега се откупени и извезени околу 100 000 јагниња во Велигденскиот откупен „шпиц“. Цената за сточарите е добра, а со исплатата на преку една милијарда денари субвенции за грло овца, се заокружува целосната исплата за одгледувачите на овци во Македонија за 2025 година, им соопшти на одгледувачите на овци министерот за земјоделство Цветан Трипуновски на денешната средба со нив во Прилеп.Откупната цена моментално е 280 денари и е повисока од лани. Има уште за да се дозаврши откушпот на јагнињата од оваа реколта.

    -Она што може да им го речам на одгледувачите на овци е дека се исплатени субвенциите за грло овца за 2025 година во висина од над една милијарда денари. Со ова, практично ја затвораме исплатата кон оваа сточарска гранка. Со ова сметаме дека ќе има поголем стимул на поголем број задржани женски јагниња, односно зголемување на бројот на овците во Македонија. Минатиот месец имаме објава за сточарите да аплицираат за плата на овчарите за 2025 година и со тоа опфаќаме еден нормален тек на исплата и аплицирање за субвенции кои се за оваа сточарска гранка – изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски на денешната средба со сточарите во Прилеп.

    Според податоците од државниот завод за статистика лани се зголемило производството на кравјо и на овчко млеко, но стагнира производството на козјо млеко. Тоа е многу битно иако бројот на грлата добитеко нема поголем раст.

    -Во 2025 година се произведени околу 290 000 литри кравјо млеко што е за 2,7 проценти повеќе од производството во 2024 година, а производството на овчко млеко со 27 000 литри лани е за 4 проценти поголемо од 2024 година. Во производството на козјото млеко има мал пад. Но, не секогаш бројот на грлата треба да ја следи продукцијата. Продукцијата може да се зголеми иако имаме стагнација на бројната состојба на грлата. За нас како држава, не е битно само да расте бројот на грлата, туку и продукцијата, а со овие податоци одиме во еден позитивен тренд – смета Трипуновски.

    Во поглед на појаснување на програмата за 2026 година, Трипуновски уверува дека нема никој да биде исклучен од процесот на земање субвенции. Има посебна мерка за малите сточари која ќе продолжи и в година, се додека не го достигнат прагот на мерките за субвенционирање за окрупнување на добиточниот фонд во земјава и за зголемување на површините под земјоделски култури.

    – Во тековната програма за оваа година има посебна мерка која ќе ги опфати сите мали земјоделци кои се под праговите кои ги имаме ставено во програмата. Ваква мерка ќе постои и во 2027 година, со цел овие две години заедно со сточарите да помогнеме да ги постигнеме тие минимални прагови. Според анализите на Министерството, незначителна е бројката, или, помала е бројката на сите овие земјоделци кои се под праговите, Зборувам за број на крупна и ситна стока, за полоделските култури, за лозовите и овошните насади. Значи има посебна мерка на која ќе аплицираат сите кои се под овие прагови за да искористат и да ги земат субвенциите. Нема да правиме длабок рез. Ние размислуваме визионерски за заедно со земјоделците да ги поткренеме овие прагови за да ги зголемиме бројната состојба на стока и бројот на обработливи површини – објасни министерот за земјоделство Цветан Трипуновски на денешната средба со македонските одгледувачи на овци во Прилеп.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.