Author: Author 03

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека војната со Иран би можеле брзо да заврши, истакнувајќи оти следат „неверојатни два дена“. – Мислам дека ќе гледате неверојатни два дена кои се пред нас, наведе Трамп. Тој истакна дека нема да биде потребно да се продолжи двонеделното примирје, што истекува следната недела. – Мислам дека може многу брзо да заврши. Набрзо ќе заврши, посочи Трамп. Претставници на Пакистан, на Иран и на неколку држави од Персиски Залив изјавија дека американските и иранските преговарачи ќе се вратат во Исламабад во текот на неделата.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп упати директна порака до кинескиот лидер Си Џинпинг, барајќи Кина да ја прекине испораката на оружје за Иран. Овој потег доаѓа во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток и засилени напори на Вашингтон да ја ограничи улогата на Техеран во регионалните конфликти. Клучни точки на барањето Што значи ова за односите САД – Кина? Барањето дополнително ги комплицира веќе затегнатите односи меѓу двете светски сили. Иако Кина соработува со Иран во енергетскиот сектор, официјален Пекинг досега се обидуваше да задржи неутрална позиција во воените конфликти на Блискиот Исток. „Кина мора да разбере дека снабдувањето на…

Повеќе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Узлем Џанел, со која разговараше за приоритетите и очекувањата во однос на извршувањето на највисоката јавнообвинителска функција. Амбасадорката Џанел му честиташе на изборот, при што и двајцата се осврнаа на клучните предизвици во поглед на дигитализацијата, јакнењето на транспарентноста и јавната доверба, како и финансиската самостојност на Јавното обвинителство. За јакнење на јавната доверба во институцијата и двајцата ја истакнаа како клучна транспарентноста, директната комуникација со граѓаните, но и воедначената примена на законите што треба да овозможи предвидливост и увереност во…

Повеќе

Уживајте во разновидни јадења со варени јајца по Велигден. Подгответе вкусни оброци со 7 едноставни рецепти што лесно можете да ги направите. Ако ви останале варени јајца од Велигден и ви е здодеано да ги јадете на ист начин, можете да ги користите за разни едноставни и вкусни јадења. Овие јадења се подготвуваат брзо, не бараат посебни состојки и повеќето работи што веројатно веќе ги имате во вашата кујна. 1.Ќофтиња од јајца Состојки: 300 г шунка или салама4 варени јајца2 свежи јајца2 до 3 лажици презласол, бибер, зеленчук по вкус Подготовка: Излупете ги варените јајца и изгмечете ги со вилушка.…

Повеќе

Никол Кидман откри дека планира да ја води својата кариера во поинаква насока. Актерката изјави дека учи како да стане „дула на смртта“, односно личност која им помага на луѓето во нивните последни моменти од животот. Таа ги откри овие информации за време на предавање во Спомен-салата на војната на Универзитетот во Сан Франциско. Во разговор со истражувачката новинарка и дипломатка Вики Нгуен, таа појасни дека оваа идеја звучи малку чудно, но дека нејзините планови следеле по смртта на нејзината мајка, Жанел Ан Кидман, на 84-годишна возраст. -Додека мајка ми умираше, таа беше осамена и семејството можеше да ѝ обезбеди…

Повеќе

Ако се заљубите со нив, дури и ако се разделите, ќе останете во нивните срца засекогаш. Постојат луѓе во животот кои се способни да сакаат само еднаш. Според астролозите, постои врска помеѓу овие чувства и хороскопскиот знак на една личност. Според астролозите овие знаци љубовта е само еднаш вистинска и овие чувства ги придружуваат до крајот на животот. Јарецот е на врвот на листата. Претставниците на овој знак многу внимателно пристапуваат кон сè, особено на изборот на сродна душа. Во главата, тој прави долг список на квалитети за кои идеален партнер, пресметува што сака, и дури потоа оди на вистинско…

Повеќе

Заштитен појас под УНЕСКО е една од главните пречки за реализација на автопатското решение на дел од Коридорот 8 кон Албанија, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, при посетата по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци во Старата скопска чаршија. Љутков најави дека во мај се очекува посета на делегација на УНЕСКО за увид во состојбите на терен. – Таму еден заштитен појас којшто е под УНЕСКО и тој коридор го опфаќа и спојувањето со спојувањето со Република Албанија. Разговараме за да најдеме заедничко решение. Тој е правен според НАТО стандарди…

Повеќе

Хуманоиден робот бркаше диви свињи на празен паркинг во Варшава, а видеото е споделено на социјалните мрежи. Снимките од роботот Unitree G1 како брка свињи привлече големо внимание на интернет, а подоцна беше откриено дека е создадено како дел од маркетиншка кампања. Широко споделеното видео го прикажува хуманоидниот робот како трча низ тревник бркајќи животни пред да ја крене тупаницата во очигледна фрустрација додека тие бегаат. „Ги гонам дивите свињи во шумата“, се вели во описот на видеото објавено на X.

Повеќе

Без вода вечерва од 20:50 часот се корисниците од населба „11 Октомври“ поради водоводен дефект на улицата Добромир Хрс број 41, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје. Како што велат оттаму, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Повеќе

И покрај тензиите и најавените безбедносни мерки од страна на Соединетите Американски Држави, поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец не е прекинат. Најновите податоци од терен потврдуваат дека трговските бродови, и покрај зголемениот надзор, продолжуваат да се движат низ овој стратешки витален премин, што укажува на тоа дека „блокадата“ не влијаеше врз протокот на нафта и стоки. Експертите за енергетика и поморски транспорт истакнуваат дека Ормускиот теснец е премногу важен за глобалната економија за да дозволи целосен застој. Иако американските воени сили го зајакнаа своето присуство со цел да се обезбеди контрола и стабилност, комерцијалниот сообраќај се одвива според вообичаениот распоред.…

Повеќе