Author: Author 03

Ако се заљубите со нив, дури и ако се разделите, ќе останете во нивните срца засекогаш. Постојат луѓе во животот кои се способни да сакаат само еднаш. Според астролозите, постои врска помеѓу овие чувства и хороскопскиот знак на една личност. Според астролозите овие знаци љубовта е само еднаш вистинска и овие чувства ги придружуваат до крајот на животот. Јарецот е на врвот на листата. Претставниците на овој знак многу внимателно пристапуваат кон сè, особено на изборот на сродна душа. Во главата, тој прави долг список на квалитети за кои идеален партнер, пресметува што сака, и дури потоа оди на вистинско…

Повеќе

Заштитен појас под УНЕСКО е една од главните пречки за реализација на автопатското решение на дел од Коридорот 8 кон Албанија, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, при посетата по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци во Старата скопска чаршија. Љутков најави дека во мај се очекува посета на делегација на УНЕСКО за увид во состојбите на терен. – Таму еден заштитен појас којшто е под УНЕСКО и тој коридор го опфаќа и спојувањето со спојувањето со Република Албанија. Разговараме за да најдеме заедничко решение. Тој е правен според НАТО стандарди…

Повеќе

Хуманоиден робот бркаше диви свињи на празен паркинг во Варшава, а видеото е споделено на социјалните мрежи. Снимките од роботот Unitree G1 како брка свињи привлече големо внимание на интернет, а подоцна беше откриено дека е создадено како дел од маркетиншка кампања. Широко споделеното видео го прикажува хуманоидниот робот како трча низ тревник бркајќи животни пред да ја крене тупаницата во очигледна фрустрација додека тие бегаат. „Ги гонам дивите свињи во шумата“, се вели во описот на видеото објавено на X.

Повеќе

Без вода вечерва од 20:50 часот се корисниците од населба „11 Октомври“ поради водоводен дефект на улицата Добромир Хрс број 41, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје. Како што велат оттаму, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Повеќе

И покрај тензиите и најавените безбедносни мерки од страна на Соединетите Американски Држави, поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец не е прекинат. Најновите податоци од терен потврдуваат дека трговските бродови, и покрај зголемениот надзор, продолжуваат да се движат низ овој стратешки витален премин, што укажува на тоа дека „блокадата“ не влијаеше врз протокот на нафта и стоки. Експертите за енергетика и поморски транспорт истакнуваат дека Ормускиот теснец е премногу важен за глобалната економија за да дозволи целосен застој. Иако американските воени сили го зајакнаа своето присуство со цел да се обезбеди контрола и стабилност, комерцијалниот сообраќај се одвива според вообичаениот распоред.…

Повеќе

Опасната пуферска риба Lagocephalus sceleratus повторно е забележана и уловена во Јадранското Море, овој пат во близина на Сплит, што предизвика реакција кај експертите и надлежните служби. Станува збор за исклучително токсичен морски вид кој содржи тетродотоксин – силен отров што може да предизвика тешки здравствени последици, па дури и смрт доколку се консумира. Освен токсичноста, рибата се одликува и со силна вилица и остри заби, кои можат да предизвикаат сериозни физички повреди. Надлежните служби апелираат рибарите и граѓаните да бидат крајно внимателни и да избегнуваат директен контакт со вакви примероци. Секое забележување или улов на овој вид се препорачува веднаш да…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп упати порака со која ја изненади светската јавност, најавувајќи можност за дипломатско придвижување во односите со Иран. И покрај тензиите кои владееја во изминатиот период, Трамп истакна дека ситуацијата би можела да се промени во многу краток рок. Во неговата изјава, која ги следи вчерашните закани за Ормускиот теснец, претседателот остави простор за деескалација, посочувајќи дека дипломатските канали се секогаш опција доколку другата страна е подготвена на сериозен разговор. Трамп во обраќањето пред новинарите кратко и јасно ја најави можноста за преговори: „Следиме што се случува на терен. Во следните два дена се можни преговори со…

Повеќе

Лесната пешадиска баталјонска група на чекор до целосна интеграција во структурите на НАТО. Доколку месецов вежбата Блесок 26, добие зелено светло од оценувачите на Алијансата, единицата ќе биде на целосно располагање на командантот на НАТО, подготвена да одговори на предизвиците кои ги носат гео-политичките тензии, од Блискиот Исток до руско-украинскиот конфликт. Според надлежните засега најава за ангажирање на единицата нема, но сепак нашите сили веќе активно придонесуваат во мисиите за одвраќање и колективна одбрана. „Се на располагање. Дали има најави за нивно користење, во моментов не. Меѓутоа ние и сега учествуваме со свои сили, кога станува збор за одвраќање, односно…

Повеќе

Камион со велешки регистарски таблички попладнево се запали на Плетвар, на делницата од Прилеп кон Скопје. Сообраќајот се одвиваше отежнато, поради што се формираа колони возила. Засега не се познати причините за опожарувањето на товарното возило, ниту дали има повредени лица. Повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот на полициските екипи.

Повеќе

Високи делегации од Израел и Либан пристигнаа во Вашингтон, каде под посредство на американската администрација започнаа клучни преговори насочени кон стабилизирање на состојбата во регионот. Средбата се одржува во услови на високи тензии и зголемена потреба од дипломатско решение за избегнување на понатамошна ескалација на конфликтот. Целта на овие разговори е да се воспостави одржлив модел на соработка и да се дефинираат рамки кои ќе придонесат за безбедноста на границите, како и за решавање на отворените прашања меѓу двете држави. Американските посредници ја потенцираат важноста на конструктивниот дијалог во овој исклучително чувствителен момент. Во текот на првиот ден од преговорите,…

Повеќе