- Голем финансиски пресврт: Овие четири хороскопски знаци ќе имаат најмногу пари во летото 2026 година
- Младите во Гази Баба добија решенија за субвенции од 10.000 денари за возачки испит
- РКЕ донесе строги правила за кибербезбедност: Енергетските компании имаат рок од 30 дена да назначат службеници за заштита
- Македонија ја зафаќа силно невреме: УХМР со аларм за пороен дожд, силен ветер и град
- Уапсен началникот на белградската полиција
- Од 2027 година Jeep и Peugeot ќе се произведуваат во Кина
- Тешка сообраќајка во Скопје: Автомобил удри во 13-годишен велосипедист, возачот лишен од слобода
- СДСМ: ВМРО намерно ја плаши јавноста со „бугарска опасност“ за да ја блокира европската иднина на Македонија
Author: Author 01
Не е точно дека не сум се согласил со премиерот за хибридни напади изјави вечерва за тв Сител во „Тема на денот“, откако неколку дена во неговите изјави имаше различно мислење од тврдењето на премиерот дека нè напаѓаат домашни и странски центри. Земјата според него се соочува со серија големи пожари на депонии,складишта со опасен отпад и голем пожар на автомеханичарска работилница се „мулти странични напади“ „Не сум имал несогласување со премиерот за ‘хибридни напади’ како што медиумите известуваа“, рече Тошковски. Прашан дали тие како што ги вели странични напади се од домашни или од странски центри и ако ги…
Премиерот Христија Мицкоски соопшти дека веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти е убеден дека, како што изјави денеска, девијантното однесување кај ланците маркети ќе се сведе на минимум. На новинарско прашање за индексите на цените во земјоделството во август годинава Мицкоски наведе дека трошоците за импут во создавањето на земјоделскиот производ се зголемени за над два проценти, а за аутпутот, цената со која го продаваат земјоделците производот, за над 12-13 проценти. „Тој производ тие го продаваат или на маркетите или директно на трговците. Порано состојбата во делот на аутпутот била негативна…
Ние немаме друга иднина освен Европа. Треба да го искористиме искуството на другите земји, како Црна Гора и Албанија и да покажеме визија, но и резултати во преговорите за членство во Европската Унија, рече лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и пратеник во Собранието, Венко Филипче на денешната работилница „Придонесот на Собранието во ЕУ-преговорите“, организирана во рамки на проектот „Поддршка на Европската интеграција на Северна Македонија“. Како претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, посочи дека ова тело треба да биде платформа што ќе се надградува со искуства од други земји. „Треба да учиме од туѓи грешки, од туѓи искуства и на…
Струшкото Основно јавно обвинителство денеска поднело обвинителен предлог против актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, а во врска со договор што го склучил за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим. Иако во соопштението Јавното обвинителството не е наведено името на обвинетиот, сепак во него јасно стои дека станува збор за службено лице – градоначалник на Општина Струга, а делото за кое се товари го сторил во периодот од 1 април 2021 до 27 јуни 2022 година, период во кој Мерко раководи со општината. Инаку, како што информираа од Обвинителството се товари за кривичното дело злоупотреба на службената положба…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од 17 до 26 септември ќе престојува во работна посета на САД. Шефот на дипломатијата во Вашингтон ќе има средби со високи американски претставници и ќе учествува на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во Вашингтон Муцунски ќе се сретне со високи претставници на Стејт департментот, при што ќе се разговара за унапредување на политичкиот дијалог, трговската соработка и унапредувањето на стратешкото партнерство. Ќе учествува и на тркалезна маса на Американско-централноевропската деловна асоцијација, а планирани се и средби со конгресмени и сенатори. По повод Денот на независноста и 30…
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска соопшти дека владите низ целиот свет, особено САДи европските земји, сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци и баратели на азил, доведувајќи го во прашање дури и нејзиното постоење. Американските медиуми пренесуваат дека ваквото остро предупредување од УНХЦР доаѓа на 75-годишнината од Конвенцијата на ОН за бегалци, документ од 1951 година што дефинира кои се бегалците и ги одредува обврските на земјите што ги примаат. Многу земји привремено го прекинаа разгледувањето на барањата за азил – молби за меѓународна заштита од оние кои тврдат дека ќе се соочат со војна или…
На територијата на државава денеска до 18 часот има четири активни пожари, два се под контрола, додека 12 сe изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во селото Виниче, местото викано Муратица, (каде гори нискостеблеста шума), во општината Гази Баба, селото Пeтрово на Кожув планина (каде гори букова шума) во општината Гевгелија, во селото Вражале (каде горат борови насади) во општината Зелениково и во селото Норово (каде гори ниска дабова шума и ниска вегетација) во општината Крушево. Под контрола се пожарите во селото Трубарево во општината Гази Баба, депонијата Дрисла во општината Студеничани. Изгаснати се 12…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на местото по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија, како што информираат од Обвинителство, се преземаат како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на предметната локација, а бил извршено фотографирање и дронско снимање на локацијата. Од Обвинителство посочуваат дека со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен се отежнати. -По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат…
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека критиките на опозицијата насочени кон него во врска со пожарите се затоа што опозицијата мисли дека така ќе добие политички поени и поддршка кај граѓаните. -Дури и да е сето тоа точно тие што го кажуваат, а ништо не е точно, се поставува вистинското прашање: „Што прават тие за да помогнат во процесот“? Тие не прават ништо. Тие се занимаваат со некрофилија, со конструкции и лаги. Но тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, немаат визија, немаат идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме чесно, одговорно, посветено. Ќе се бориме и…
Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за Правилникот на Државната изборна комисија (ДИК), според кој независните кандидати за советници и градоначалници можат со само два граѓански потписи да учествуваат на локалните избори закажани за 19 октомври. Според Костадиновски, кој дискусијата ја оцени како плодна, конструктивна и на моменти остра, одлуката на ДИК во суштина преставува и имплементација на нивната одлука од мај годинава. „Би било огромна и многу тешка повреда на Уставот и непочитување на нашата одлука доколку ДИК не постапел на овој начин. Замислете да немаат право независните граѓани, да нема критериум по кој тие…
