Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
    • Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси
    • МВР со акција на терен: Уапсени 14 возачи и сослушани двајца малолетници
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УНХЦР: Владите низ целиот свет сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци

    УНХЦР: Владите низ целиот свет сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци

    17.09.2025 во 19:262 Mins Read
    ФОТО: UNHCR
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска соопшти дека владите низ целиот свет, особено САДи европските земји, сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци и баратели на азил, доведувајќи го во прашање дури и нејзиното постоење.

    Американските медиуми пренесуваат дека ваквото остро предупредување од УНХЦР доаѓа на 75-годишнината од Конвенцијата на ОН за бегалци, документ од 1951 година што дефинира кои се бегалците и ги одредува обврските на земјите што ги примаат.

    Многу земји привремено го прекинаа разгледувањето на барањата за азил – молби за меѓународна заштита од оние кои тврдат дека ќе се соочат со војна или прогон поради нивната религија, раса, националност, сексуална ориентација или политички убедувања доколку се вратат во нивната земја.

    Не претерувам кога велам дека институцијата за азил низ целиот свет сега е поранлива од кога било досега, изјави Рувендрини Меникдивела, помошник висок комесар за заштита во УНХЦР, за време на онлајн брифинг од Женева.

    САД под администрацијата на Трамп, како и некои европски земји, сè повеќе го ограничуваат азилот и бараат билатерални договори со трети земји, особено во Африка, за депортирање на мигрантите.

    Други, како Грција, која доживеа бран судански бегалци на островот Крит, привремено ги суспендираа барањата за азил.

    Овие два документа спасија милиони животи во минатото и ќе спасат милиони животи во иднина, додаде Меникдивела, осврнувајќи се на Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година, усвоена по Втората светска војна, и придружниот Протокол од 1967 година, со кој се прошири заштитата на бегалците низ целиот свет.

    Глобалната криза со финансирањето во хуманитарниот сектор влијаеше на повеќе од 122 милиони луѓе кои се раселени од своите домови, бегајќи од конфликт или прогон, вели агенцијата, додавајќи дека растот на негативните ставови кон азилот и миграцијата дополнително ја комплицира нивната ситуација.

    Прочитај повеќе

    Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација

    18.09.2026 во 16:16

    Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси

    18.09.2026 во 16:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.