Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Жално е што реформите за европските интеграции Владата воопшто не ги спроведува

    Филипче: Жално е што реформите за европските интеграции Владата воопшто не ги спроведува

    17.09.2025 во 19:453 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ние немаме друга иднина освен Европа. Треба да го искористиме искуството на другите земји, како Црна Гора и Албанија и да покажеме визија, но и резултати во преговорите за членство во Европската Унија, рече лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и пратеник во Собранието, Венко Филипче на денешната работилница „Придонесот на Собранието во ЕУ-преговорите“, организирана во рамки на проектот „Поддршка на Европската интеграција на Северна Македонија“.

    Како претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, посочи дека ова тело треба да биде платформа што ќе се надградува со искуства од други земји.

    „Треба да учиме од туѓи грешки, од туѓи искуства и на тој начин да покажеме дека имаме некаква визија, имајќи предвид дека сме компатибилни како земји и со Црна Гора и со Албанија, кои сега се неколку чекори пред нас, поради нивната посветеност што ја покажаа изминатите години, потврдувајќи ја визијата каде сакаат да ја видат својата земја во иднина“, вели Филипче.

    Според него, потребен е политички консензус, особено во спроведување на реформите што произлегуваат од преговарачката рамка.

    „Но, барем во делот на спроведување на реформите да покажеме некаков перформанс. Да го искористиме искуството на другите земји за да исчекориме напред и да покажеме некакви резултати. Жалам што во овој момент тоа не се случува со доволна динамика. Се доцни со носење на приоритетните закони од реформската агенда, пред се од Министерството за правда. Меѓутоа, има еден добар, позитивен момент, зашто имавме заеднички и натпартиски консензус во критиката на министерот за правда минатиот состанок од најголемите политички партии“, кажа тој.

    Во делот на постигнување на политички консензус за обезбедување уставни измени и за отпочнување на преговорите со Европската Унија, Филипче смета дека Собранието треба да биде телото во кое тој процес ќе се одвива.

    „Нема друга институција во државата во која треба да седнат сите политички чинители и да го постигнат потребниот консензус. Ако и во формалниот дел, самото гласање се одвива таму, нема потреба да бараме други форми, кога тоа треба да биде еден подготвителен процес во самото Собрание“, рече лидерот на опозицијата и пратеник во Собранието.

    Работилницата „Придонесот на Собранието во ЕУ преговорите“ има за цел да ги зајакне капацитетите на Собранието во процесот на Европските интеграции, преку вршење на демократски надзор, поттикнување на инклузивност и градење на политички и општествен консензус околу реформите поврзани со ЕУ.

    Целта на проектот во рамки на работилницата, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за услуги и проекти е да ја зајакне институционалната подготвеност на земјата за водење ефективни пристапни преговори и справување со процесот на интеграција во ЕУ.

    Featured
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.