Author: admin_press24

Еден од најдобрите кошаркари на светот и најдобар стрелец во НБА лигата Леброн Џејмс би можел наскоро да ја заврши кариерата. Џејмс е единствениот кошаркар со повеќе од 40.000 поени во НБА лигата. За овој негов потег се зборува веќе подолго време, а тој дополнително ги „заинтересира“ своите симпатизери и бројната армија вљубеници во НБА лигата, откако на социјалните мрежи напиша „одлука“. Во 2010 година се случи нешто слично и тогаш имаше одлука, а тоа беше неговото прво заминување од Кливленд. Тогаш тој на националната телевизија ја соопшти одлуката дека ќе направи премин во Мајами Хит. Сега најавите се дека…

Повеќе

Капитенот на Англија и напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, изјави дека е отворен за продолжување на договорот со германскиот шампион и дека враќањето во Премиер лигата повеќе не е приоритет. Кејн, кој ја освои Бундеслигата минатата сезона и со тоа конечно стигна до првиот трофеј во својата кариера, има договор со Баерн до 2027 година. Иако имаше шпекулации за можно враќање во Англија, особено во Тотенхем, Кејн сега вели дека е фокусиран на Минхен и успехот со германскиот клуб. „Можам да се замислам себеси во Баерн подолго од сегашниот договор. Сè уште не сме разговарале за тоа, но ако…

Повеќе

Битолски Пелистер ќе има нов тренер. Вчерашното „реми“ со Шкендија во рамките од 9.коло, се покажа како не доволно, Димитар Капинковски да ја задржи тренерската функција. Денеска од таборот на зелено-белите информираа дека е прекината соработката со Капинковски и дека клубот набрзо ќе биде назначен нов тренер. ФК Пелистер ја известува јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски. Клубот му се заблгодарува на Капинковски за ангажманот и прифесионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата. Во првите девет натпревари Пелистер запиша две победи, еден нерешен резултат и шест порази. Клубот деновиве ќе го промовира…

Повеќе

Франција се соочува со нова политичка криза по оставката на премиерот Себастијан Лекорну, само 27 дена по неговото назначување. Претседателот Емануел Макрон му наложи на Лекорну да спроведе уште два дена преговори за дефинирање мерки за стабилност, иако шансите за успех се минимални. Лидерот на Националниот собир, Марин Ле Пен, побара од Макрон или да поднесе оставка или да го распушти парламентот и да распише нови избори. Анкетите покажуваат дека нејзината партија би остварила рекорден резултат, но без апсолутно мнозинство. Левицата, пак, се противи на избори и бара формирање левичарска влада која би ја обединила земјата околу социјална и еколошка…

Повеќе

На митингот на коалицијата Алијанса зa Интеграција (АКИ) во Боговиње, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, зборуваше за влијанието на премиерот Христијан Мицковски во општините со албанско мнозинство. Ахмети нагласи дека во Струга, Тетово и Чаир кандидатите се поддржани од Мицковски и дека тој е многу посветен во овие области. „Мицковски ги поддржува независните кандидати. Во Струга кандидатот е Христијан, во Тетово е Христијан, во Чаир е Христијан. Тој работи повеќе отколку тие“, рекол Ахмети. Тој ги предупреди граѓаните да гласаат според своите убедувања . „Како може градоначалникот на Тетово да биде избран ако гласовите ѝ припаѓаат на другата заедница“, истакнал…

Повеќе

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 процента, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто. Според Државниот завод за статистика, цЦените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година. Цените во угостителството по групи во септември 2025 година во однос на август 2025 година се зголемени кај Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто, додека кај групите Храна, Алкохолни пијалаци и Ноќевања не се…

Повеќе