Author: admin_press24

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе ја посети Македонија на 15 октомври, четири дена пред одржувањето на изборите. Посетата е дел од регионална турнеја низ Западен Балкан и има за цел да испрати порака на поддршка за европската перспектива на земјите од регионот. Според најавите, агендата во Скопје ќе биде фокусирана на реформите поврзани со преговорите со ЕУ, владеењето на правото, економската интеграција и прашањата од енергетиката. Фон дер Лајен се очекува да оствари средби со државниот врв и да даде изјави за медиумите. Посетата во Скопје доаѓа во рамки на поширока балканска рута што започнува на…

Повеќе

Влажноста на почвата по долгото сушно лето значително е намалена, па дождот е потребен и добредојден за успешна есенска сеидба, велат агрометеоролозите од УХМР во врска со бранот врнежи што ја зафати земјава. Тие препорачуваат земјоделските производители да продолжат со грижата за посевите. -Одредени есенски култури се во период на предсеидбена подготовка на која треба да се посвети посебно внимание. Површината на почвата треба длабоко да се обработи, а по оваа обработка да следи и дополнителна предсеидбена и површинска обработка. Целта на дополнителната обработка е да создаде растресит и иситнет површински слој на почвата во кој ќе се посее семето.…

Повеќе

Товарниот сообраќај кон граничен премин „Долно Блаце“ во 13:25 часот е нормализиран, соопштија од АМСМ. Претходно, оттаму информираа дека од 11:44 часот, товарниот сообраќај кон граничен премин „Долно Блаце“ се пренасочува кај БП Дизел

Повеќе

Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани, инфомрираат од Министерството за надворешни работи. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката, информираат од МНР Утрово беше објавена информацијата дека пронајденото безживотно…

Повеќе

Бензините од полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, а дизелот ќе биде поевтин за 1 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.Според одлуката која стапува на сила на полноќ, литар 95 октански бензин ќе се продава по 74 денари, 98 октанскиот ќе чини 76 денари додека новата цена на дизелот ќе биде 68,5 денари за 1 литар.Според Методологијата за формирање на цените на нафтените деривати, малопродажните цени се коригираат надолу во просек за 2,00% во однос на одлуката од 29.09.2025Корекцијата произлегува од движењата на референтните светски цени на дериватите и курсот денар/долар во рамките на важечката Методологија

Повеќе

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Р., поради основано сомнение за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ согласно чл. 353 ст. 1 од Кривичниот законик. Според пријавата, пријавениот – во својство помошник на министерот за внатрешни работи и раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки – ја искористил службената позиција и ги пречекорил овластувањата така што за месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година лично одобрил списоци за прекувремени часови и листа на вработени кои ги исполнуваат условите за…

Повеќе

Приватните автобуски превозници што сообраќаат во Скопје денеска во 10:00 часот ги повлекоа возилата од линиите. Тие најавија дека ќе работат скратено – само од 05:00 до 10:00 часот – сè додека ЈСП не им го подмири долгoт за изминатите шест месеци, проценет на 90 милиони денари. Во најавата учествуваат компаниите „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“. Според превозниците, вкупниот долг на ЈСП кон нив изнесува 170 милиони денари. Тие велат дека им е кажано оти Град Скопје префрлил дел од средствата кон ЈСП, но не е јасно каде се насочени парите. „Да, се исклучивме во 10 часот и…

Повеќе

ФЕРОИНВЕСТ беше спонзор на престижниот интернационален натпревар во латиноамерикански и стандардни танци, кој викендов се одржа во Скопје под покровителство на Светската федерација за спортски танц (World DanceSport Federation – WDSF). Настанот, во организација на танцовиот клуб „Ритам Плус“, собра натпреварувачи и судии од Македонија, Србија, Турција, Австрија, Грција, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Италија. Меѓународниот карактер и високите стандарди го вброија овој натпревар меѓу најзначајните танцови настани во регионот. Натпреварот се одржа во спортската сала „Јане Сандански“, каде публиката имаше можност да ужива во настапите на врвни танчари и да биде дел од незаборавна вечер исполнета со…

Повеќе