Поранешна студентка на американскиот универзитет Корнел поднесе граѓанска тужба против седуммина членови на студентското братство „Чи Фај“, тврдејќи дека во 2024 година била дрогирана, физички нападната и групно силувана.

Случајот повторно се најде во фокусот на јавноста откако обвинителството во округот Томпкинс, во сојузната држава Њујорк, одлучи повторно да ги разгледа околностите и да го презентира предметот пред голема порота. Во 2024 година, ниту еден од студентите не се соочил со кривична постапка, а Универзитетот спровел само внатрешна дисциплинска постапка со суспензии и есеи за согласност како услов за враќање.

Окружниот обвинител Метју Ван Хаутен изјавил дека тогашната одлука да не се покрене кривична постапка се темелела на првичниот исказ на студентката:

– во кој, според него, немало експлицитно тврдење дека била присилно опиена или сексуално нападната без согласност.

Нејзиниот адвокат Томас Џуфра го оспорува ова објаснување, тврдејќи дека со неа не разговарал специјализиран истражител за сексуални деликти, туку бил направен површен полициски запис додека таа била во состојба на тешка траума. Големата порота сега треба да утврди дали постои основа за кривично гонење.

Exit mobile version