Вчера во 10:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, А.Ѓ.(71) од селото Другово, управувајќи мопед со кичевски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, претходно управувано од Ш.И.(57) од кичевското село Зајас.

Притоа, возачот на мопедот, за кој е утврдено дека немал возачка дозвола, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

Увид на местото на незгодата изврши екипа од ОВР Кичево.

Exit mobile version