Неносењето сигурносен појас во возило во Северна Македонија се казнува со парична глоба, а обврската важи и за возачите и за сопатниците.

Според правилата за безбедност во сообраќајот, возачот кој не користи сигурносен појас може да биде казнет со 40 евра во денарска противвредност.

За сопатник кој не е врзан со сигурносен појас предвидена е глоба од 50 евра во денарска противвредност. Обврската за користење појас се однесува и на лицата што седат на задните седишта.

Од РСБСП потсетуваат дека сигурносниот појас е една од основните мерки за заштита при сообраќајна незгода, а правилото важи секогаш кога возилото се движи во сообраќајот.

Затоа, пред да тргнете, проверете дали сте врзани – не само поради казната, туку пред сè поради безбедноста.

Exit mobile version