Двајца македонски државјани се појавуваат во јавната база „Worst of the Worst“ на американското Министерство за внатрешна безбедност (DHS), каде што се објавуваат податоци за странски државјани уапсени во САД. Според достапните податоци, станува збор за Л.Т. и В.Г.
Кај Л.T. како земја на потекло е наведена Северна Македонија, а како место на апсење Клинтон, Њу Џерси. Во категоријата „Crimes“ се наведени „Fraud“, „Fraud – Illegal Use Credit Cards“ и „Money Laundering“.
Кај В.Г., пак, е наведено дека бил уапсен во Оклахома Сити, Оклахома, а во категоријата „Crimes“ е наведено „Dangerous Drugs“. Од самите објавени картички во базата не може да се утврди дали Томески и Гочевски се правосилно осудени за наведените дела, ниту каков е нивниот актуелен правен или имиграциски статус.


