УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија во 11 часот. Ова претпладне најниска температура од само 8 степени има на Попова Шапка.
Најтопло е во Гевгелија со измерени 22 степени.
Во Скопје УХМР во 11 часот измери 20 степени Целзиусови.
Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите. Во југоисточните делови од земјата ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 1 до 11 степени, додека максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 8 степени и дневна до 25 степени.
До крајот на седмицата времето ќе остане променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури постепено ќе се намалуваат, додека дневните ќе се движат во рамките на просекот за овој период од годината.