СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(62) од струшкото село Радолишта,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ по член 284-а од Кривичниот законик.

При контрола извршена на 13.09.2026, тој е затекнат како пред деловен објект во Охрид, нуди и врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува соодветна лиценца, издадена од надлежен државен орган и во спротивност од одредбите на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Exit mobile version