Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31

    Рација на МВР во 60 кафулиња, дискотеки и казина – апсења и затворени локали

    18.10.2026 во 15:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пратениците расправаат за продолжување на кризната состојба за нафтата
    • „Што ќе работам?“ – ИНОВА ги насочува средношколците кон идните професии
    • ФОТО: Познат пејач почина само 40 дена по смртта на сопругата – Две деца останаа сами, тага во регионот
    • Студено утро во Македонија – УХМР ги измери температурите и најави пресврт
    • Жени се испотепале во кафеана во Скопје
    • Семејна драма во Скопје: „Посинокот ме истепа и мене и ќерка ми”
    • Од Балканот до Украина: Порта Македонија домаќин на дебата за современото војување
    • Нова улица во Чифлик – Мицкоски ќе присуствува на пуштањето во употреба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пратениците расправаат за продолжување на кризната состојба за нафтата

    Пратениците расправаат за продолжување на кризната состојба за нафтата

    19.10.2026 во 08:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска ќе ги продолжи седниците 121 и 125, а ќе ја започне и 126. седница, на чиј дневен ред се повеќе законски решенија, национални програми и одлуки од областа на државната ревизија, безбедноста и институционалното функционирање.

    На продолжението на 121. седница пратениците ќе го разгледуваат Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година.

    Во рамки на 125. седница, меѓу точките на дневниот ред се измените на Законот за административни службеници, кои ќе се разгледуваат по скратена постапка, како и измените на Законот за надворешни работи во прво читање. Пред пратениците ќе се најдат и предлог-националните програми за високото образование и за научноистражувачката дејност за периодот од 2025 до 2030 година, со предложените мерки.

    На новата, 126. седница, пратениците ќе расправаат и за продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјава.

    Меѓу останатите точки се и Дополнетиот предлог-закон за државната ревизија во трето читање, одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, како и предлог-законот за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа.

    На дневен ред се и избор на надворешен член на Комисијата за хартии од вредност и именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    „Што ќе работам?“ – ИНОВА ги насочува средношколците кон идните професии

    19.10.2026 во 08:34

    ФОТО: Познат пејач почина само 40 дена по смртта на сопругата – Две деца останаа сами, тага во регионот

    19.10.2026 во 08:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.