Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, денеска организира настан под наслов „Што ќе работам?“, посветен на кариерното насочување на младите, претприемништвото и можностите за професионален развој. На настанот воведно обраќање ќе има министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Целта е средношколците поблиску да се запознаат со деловното опкружување, современите професии и можностите за започнување сопствен бизнис, како и со вештините потребни за професионален успех.
Преку разговори со претставници на академската заедница, институциите и бизнис-секторот, младите ќе имаат можност да слушнат практични искуства од различни области, да добијат насоки за изборот на идна професија и да се информираат за можностите за личен и кариерен развој.
Меѓу најавените учесници се министерката за образование и наука, Весна Јаневска, директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, како и Александра Јанеска Илиев и Димитар Јовевски од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

