УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија. Според мерењата, овој понеделник, 19.10.2026, најстудено е во Берово со само еден степен.
Со три степени и Битола и Лазарополе се меѓу најстудените места утринава во земјава.
Од друга страна, со 14 степени, Гевгелија утрово е најтоплиот град во Македонија.
Според мерењата во осум часот, во Скопје било само 6 степени.
Денешниот ден во земјава ќе донесе претежно стабилно и сончево време, со повремена појава на мала до умерена облачност. Ветерот ќе биде од северен правец, со слаб до умерен интензитет, а позасилени налети се очекуваат во Повардарието и во источните региони. Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 16 до 23 степени.

Во главниот град ќе преовладува сончево време со повремена мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата во утринските часови ќе се спушти до 7 степени. Во текот на денот максималната температура ќе достигне 21 степен.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат променливо облачно време во текот на неделата. Позначителна промена на временските услови се очекува во четврток и петок, кога ќе има врнежи од дожд. На одделни места дождот ќе биде поинтензивен, со поројни врнежи и поголемо количество воден талог.

