Четириесет и двегодишна жена и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати во својот дом на подрачјето на Бит-пазар, а за нападот е осомничен 23-годишниот посинок на жената.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 17 октомври, откако нападот, според пријавата, се случил истиот ден околу 14:30 часот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

