Откритие на српската полиција: Ги фатиле со комбе натоварено со 12 кг марихуана - влегло од Македонија

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за гранична полиција и Полициската управа во Врање откриле и заплениле околу 12,2 килограми растителна материја за која постои сомнение дека е марихуана од атар на селото Миратовац на границата со Македонија и го привеле Х. Д. (39) од подрачјето на Прешево, поради постоење основи на сомнение дека како соизвршител сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотици“, јавува МИА.

 „Полицијата вршејќи увид на „пикап“ со хрватски регистарски таблички, со кој осомничениот и уште едно лице за кое се трага, влегле во Србија од Република Северна Македонија, во товарниот дел и кабината на возилото пронашле неколку пакувања со околу 12,2 килограми растителна материја за кои постои сомневање дека е марихуана“, соопшти МВР на Србија.

06.07.2024 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега