Скопјанец починал во Дом за стари лица, телото предадено на обдукција

 

Вчера во 23.37 часот во СВР Скопје, Т.К. пријавила дека во Дом за стари лица на подрачјето на Кисела Вода починал нејзиниот татко П.К.(76) од Скопје.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

10.07.2024 - 16:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега