Како од хорор филм: Штипјанка пронашла делови од изгризано човечко тело - претпоставува дека се од нејзината мајка
Вчера наутро во 08.12 часот во СВР Штип, Б.К.(55) од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла делови од човечко тело, изгризани најверојатно од диви животни а за кои, според облеката на нив, претпоставува дека се на нејзината мајка Д.Р.(74) од Штип, која на 19.07.2024 била пријавена дека се оддалечила од домот.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител деловите од телото биле дадени на семејството.
07.10.2024 - 16:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа