Хорор во Виена: Србин ја убил сопругата, ја ранил ќерката и нејзиното момче, па си пресудил и себе

 


44-годишен српски државјанин во Виена, во вторник вечерта, ја убил својата сопруга, тешко ја повредил ќерката (24) и нејзиното момче (26), а потоа извршил самоубиство.

Според „Хеута“, полицијата пронашла тело на жена (44) во станот, како и две лица - ќерка (24) и нејзиното момче (26) кои биле итно префрлени во болница во тешка состојба. Тие имале прострелни рани. Ќерката (24) е во тешка состојба и лекарите се борат за нејзиниот живот.

Сведоците на злосторството ја известиле полицијата во вторник околу 19:30 часот кога слушнале истрели во станот. Кратко потоа, на улицата избувнала уште една престрелка - помеѓу осомничениот и полицаец. Сведоците тврдат дека биле испукани четири истрели.

Сторителот, како што е осомничен, се обидел да избега со Мерцедес. Кратко потоа, осомничениот бил пронајден мртов во автомобилот. Имал прострелна рана во главата. Првично не беше јасно дали бил неутрализиран од полицијата или извршил самоубиство.

Според „Хојте“, во станот имало и две малолетни деца кои останале неповредени.

Полицијата започна истрага.

Се сомнева дека мотивот за ова злосторство е претстојниот развод на осомничениот маж и неговата сопруга.

17.09.2025 - 10:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега