Неготино формираше кризен штаб за заштита по пожарот што ја зафати планината Серта
Советот на Општина Неготино вечерва на вонредна седница донесе одлука за формирање на кризен штаб за заштита, по пожарот што ја зафати планината Серта, неготинско.
На 26. вонредна седница, присутните девет советници едногласно ја изгласаа одлуката за формирање на штабот, со распределба на лицата членови, што ќе раководат со неколку клучни места во составот на штабот, почнувајќи од командант на штабот и слично.
Градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов потврди за МИА дека засега пожарот е во планинскиот дел, но не се знае како ќе се движи.
10.07.2024 - 22:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа