Осомничен за настаните на 27 април се предаде по седум години бегство
На граничниот премин „Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија, на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо, објави Канал 5 телевизија.
Тој беше во бегствo седум години и беше баран со меѓународна потерница за настаните со упадот во Собранието од 27 април. Осомничен е за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но потоа и ослободен од шведскиот Врховен суд, кој го одби барањето на Македонија за негова екстрадиција.
25.08.2024 - 13:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа