(ВОЗМЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Две лица загинаа во сообраќајката пред Гостивар
Две лица починале од повреди здобиени во сообраќајната несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Од СВР Тетово информираат дека во тек е увид на местото на несреќата и сообраќајот се пренасочува по околните патни правци и локални патишта.
- Во судар на патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички, едно лице починало на самото место, а другото во гостиварската Болница. Заради увидот и утврдување на причините кои довеле до несреќата сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин од 21:20 часот, изјави за МИА, портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Според првичните информации, несреќата се случила пред влез на три километри пред Гостивар во близина на неколку угостителски објекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа