Се шири акцијата на МВР во Струмица: Дијаманти пронајдени кај струмички бизнисмен
Дијаманти биле пронајдени при претресот кај еден познат струмички бизнисмен кој важи за близок до највисоките структури на поранешната власт.
Според неофицијални информации тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица успеале да побегнат на не и клучниот играч кого полицијата го обезбедила. Неофицијално, откриени се и косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен кој бил активен во многу бизниси меѓу кои и бизнисот со трговија со текстил, транспорт но и многу други деловни активности.
Покрај дијамантите пронајдена е и поголема сума на пари во кеш која наводно ја чувал неговиот магационер во Скопје.
Вчера МВР потврди дека спроведува акција, а Обвинителството прецизираше дека станува збор за предистражна постапка која е тајна во оваа фаза. Неофицијалните информации велат дека истрагата се сомнева дека струмичкиот бизнисмен и цел еден сет на фирми кои гравитираат околу него го оштетиле буџетот за повеќе милиони евра
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа