6 активни пожари во Македонија
Центарот за кризи информира дека на територијата на Република Северна Македонија моментално се евидентирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои: Активни пожари.
Општина Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (горе нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
Општина Прилеп – село Бешиште, Бешишки Рид (делумно под контрола), со кракови кон с. Градешница (Новаци) и границата со Грција; терен со мешана шума и детонации – нема интервенција.
Општина Прилеп и Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен (Прилеп) и Галиште, Трстеник (Кавадарци); опожарена мешана шума и ниска вегетација. Општина Крушево – Градска депонија кај м.в. Струнга (горење на ѓубре, сува трева и нискостеблеста шума).
Општина Струга – на делницата Струга – Калишта (трска и ниска вегетација). Општина Штип – меѓу селата Чардаклија и Караорман (ниска вегетација).
Под контрола Општина Карбинци – село Јунузлија (шумски пожар). Општина Делчево – Градска депонија Острец (пожар на ѓубре). Изгаснати Штип – меѓу с. Драгоево и Селце Македонски Брод – с. Грешница Македонски Брод – с. Црешево, Локвица, Крапа Македонска Каменица – с. Ќосевица Прилеп – ул. Јоска Јорданоски Струмица – с. Просениково Гевгелија – с. Миравци Радовиш – кај базенот Валандово – с. Јосифово Чашка – с. Оморани Росоман – с. Трстеник Делчево – с. Звегор Куманово – с. Градиште Куманово – н. Баново трло (1) Куманово – н. Баново трло кај Туш (2) Боговиње – кај Рио Компани
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа