Падна вработен во Македонски шуми - направи речи си 10.000 евра штета

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 58-годишниот С.П. од Охрид, со престој во Вевчани, поради сомнеж за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Пријавениот, кој работел како референт за превоз во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ во Струга, издавал испратници спротивно на правилниците и без претходно издадени одобренија за сеча. На тој начин им овозможил на физички лица да се здобијат со противправна имотна корист.

Со ваквите дејствија, според полицијата, на ЈП „Национални шуми“ му била нанесена штета од 506.850 денари, како и на Буџетот на државата во делот на ДДВ и средствата за проширена репродукција на шумите.

 

Случајот е целосно документиран, а кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство Струга за понатамошна постапка.

20.08.2025 - 12:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега