(ВИДЕО) Агелер: Ќе се проширува црната листа на САД - се разгледуваат повеќе имиња

 

Амбасадорката на САД Анџела Агелер, во вечерашното интервју во Дневникот на Сител ТВ обелодени дека на црната листа на САД може да се најдат нови имиња, и дека во моментов повеќе имиња се под проверка, не откривајќи за кои имиња станува збор.

Таа во интервју за ТВ Сител рече дека разогварала со Вашингтон, и дека ќе има нови имиња на црната листа, но не може да каже кога ќе се случи тоа.

„Имав разговор со Вашингтон, и на таа листа ќе се надополнува. Во овие случаи се поставува по основ на закони на САД кои нѐ задолжуваат да ги спроведуваме. Тоа е многу силен правен процес, но тој процес е во тек, не сум сигурна кога ќе се случи. Можам само да кажам дека повеќе имиња се под проверка“, изјави Агелер.

12.09.2024 - 20:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега