Судењето против возачот кој ја прегази Фросина ќе почне в петок
Во петок започнува судскиот процес против Васил Јованов, возачот обвинет за трагичната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова. Несреќата се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, кога Кулакова ја преминувала улицата на пешачки премин, при дозволено, зелено светло.
Обвинителството го товари Јованов за тешки кривични дела поврзани со безбедноста на сообраќајот, за кои е предвидена казна затвор до 20 години. Судењето ќе го води судијката Снежана Марковска.
Според обвинителниот акт, Јованов бил под дејство на алкохол – со 0,80 промили во крвта – во моментот кога, без возачка дозвола и со брзина од 91 километар на час, поминал на црвено светло и ја удрил младата девојка на пешачкиот премин.
Овој случај предизвика силни реакции во јавноста, а семејството и пријателите на жртвата бараат правда и построги мерки за прекршителите на сообраќајните прописи
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа