Дете со мотор направи сообраќајка - итно пренесено во болница
На 06.09.2025 околу 20:30 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосницата од ул. „Сремски фронт“ со ул. „Солидарност“ во Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачија сандеро“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(44) од Штип и мотоцикл „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 14-годишен малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.
07.09.2025 - 15:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа