Пуштена нова делница од 17 километри од автопатот Кичево-Охрид

 

Пуштена делница долга 17 километри од историскиот автопат Кичево-Охрид. 

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека ова е силен доказ дека државата се движела напред.

-Речиси една деценија овој проект беше симбол на закочени и незавршени, или би рекол недовршени работи. Граѓаните со право беа разочарани, гледаа градилишта кои стојат, а не патишта што се користат. И за жал поради таквата слика голем дел од нашите сограѓани и го оставија својот живот овде. Денес ја менуваме таа слика. Денес покажуваме дека таму каде што имаше застој-има решение, таму каде што имаше недоверба – има резултати. Автопатот Кичево-Охрид е од стратешко значење за нашата земја. Тој е главна артерија за поврзување на југозападна Македонија со остатокот од државата и со Охрид – град кој е не само наш туристички бисер, туку и светско културно наследство. Со овој автопат, Охрид и целиот регион добиваат нова енергија за развој, нови шанси за туризмот и нова перспектива за економијата, рече Мицкоски.

Вели, со побрзо полесно и побезбедно патување, овој автопат ќе донесе повеќе туристи, повеќе инвестиции и повеќе можности за локалната економија. 

-Ќе се скрати времето на патување, ќе се олесни транспортот на стоки и услуги и ќе се отвори простор за нови бизниси и нови работни места. Оваа Влада не го троши времето на изговори, туку работа. Еве овој автопат станува реалност. Но не е само ова дело. За само година и половина ги ставивме во употреба: Делницата Градско-Фариш од 25,7 километри; Делницата Страцин-Крива Паланка од 25,5 километри; Делницата Врбјани-Ботун од околу 20 километри. Тоа се 70 километри нови патишта. Со оваа делница од Кичево-Охрид, бројката утре ќе достигне 87,5 километри. И тоа за нешто помалку од година и половина.  Ова е 15иот месец откако оваа Влада е избрана. Тоа не се зборови, тоа се дела, рече Мицкоски.

 

07.09.2025 - 12:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега