Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
Во пресрет на 8 Септември - Денот на независноста денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба.
Пробната почесна артилериска стрелба ќе се изврши во 18 часот со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.
- Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста - 8 Септември, информираа од Генералштабот на Армијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа