Меџити: Започнува проект за реконструкција на улиците и јавното осветлување во Стар Чаир

 

Првиот потпретседател на Владата и кандидат за градоначалник на Општина Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, денеска соопшти дека започнува значаен проект за Стариот Чаир, кој има за цел подобрување на инфраструктурата и условите за живот во ова населба.

„Со финансии обезбедени од Владата на Република Северна Македонија преку вториот повик за поддршка на општините, ќе се изврши реконструкција на улиците во вкупна должина од 2 километри.

Работите вклучуваат: уредување тротоари, безбедни и одржливи улици, современа инфраструктура што ги исполнува сите потребни стандарди

Вредноста на инвестицијата за реконструкција на улиците изнесува 30.367.000 денари.

Паралелно, ќе се реализира и реконструкција на јавното осветлување на сите опфатени улици, со инвестиција од 7.264.000 денари, што ќе обезбеди повеќе осветлување, поголема безбедност и подобри услови за граѓаните на населбата“, истакна Меџити.

Овој проект е само еден од многуте инвестиции што ВЛЕН ги реализира и ќе продолжи да ги реализира во Чаир.

„Нашата цел е јасна: конкретни решенија, видливи инвестиции и континуирано подобрување на животот на граѓаните“, додаде Изет Меџити.

06.09.2025 - 14:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега