ВМРО-ДПМНЕ: Филипче саботира проекти и кредити од Унгарија, штети и по СДС


Со тоа што Венко Филипче е против поволниот кредит од Унгарија кој е наменет за инфраструктурни проекти во општините и ефтини кредити за бизнисот, тој така е против општините кои аплицирале, а има и такви чии градоначалници се од СДС, и против народот кој треба да види бенефит од овие пари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„На овој начин Венко Филипче покривајќи ја сопствената безидејност и меконструктивност всушност е против СДС, проектите за граѓаните и кредитите за бизнисот што ќе значи отворање на нови работни места и силна економија.

Ова е незапамтено работење против интересите на државата за да се отргне вниманието од реалните проблеми и состојби во кој се наоѓа оваа партија. Филипче ја злоупотребува партијата за свој интерес и пресметка“, велат од партијата.

13.09.2024 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега