Агелер: Исходот од изборите во САД нема да ги промени односите со Македонија

 

Во однос на изборите во САД и каква ќе биде поддршката по изборот на новиот американски претседател, амбасадорката Анџела Агелер во вечерашното интервју во Дневникот на Сител ТВ, рече дека без разлика на исходот од изборите, САД ќе останат силен пријател, сојузник и партнер на земјава.

– Нашето пријателство и поддршка нема да се променат. Тоа ќе остане цврсто и може да ве уверувам дека додека сум овде како амбасадор ќе направиме се што можеме да ги поддржиме програмите на кои напорно работевте дури од независноста, изјави Агелер.

12.09.2024 - 20:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа