Пожарот на Вардариште ставен под контрола, 47.000 скопјани останаа без струја

 


Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола и во моментов се догаснува. На терен се 25 пожарникари со осум противпожарни возила, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) Звонко Томевски. 

Томевски појасни дека превентивно морале да исклучат два далеководи, еден на ЕВН и еден на МЕПСО зошто работат во нивна близина. 

- Нема повредени и нема материјална штета, изјави Томевски.

Скопските пожарникари денеска од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал. 

По пожарот, без снабдување со струја се 47.000 корисници во Скопје и превентивно се исклучени од напон трафостаниците „Скопје 4 - Аеродром” и „Скопје 4 - Исток”. 

- Поради голем пожар во депонијата Вардариште, а по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и ги исклучија од напон трафостаниците „Скопје 4 - Аеродром” и „Скопје 4 - Исток”. Во моментов 47.000 корисници се без снабдување со електрична енергија. Напонот ќе биде повторно воспоставен по известување од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и пожарот е изгаснат, изјавија за МИА од Електродистрибуција.

12.06.2025 - 15:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега