Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево: Истиот се пренасочува

Од АМСМ известуваат за прекин на сообраќајот на патен правец, поради случена сообраќајна незгода доцна вечерва.

„На 12.09.2024 година од 21.20 часот на магистралниот пат А2, Гостивар - Кичево, сообраќајот е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода. Истиот ќе се пренасочува преку с.Рабин“, информираат од АМСМ.

Се уште нема податоци за евентуални повредени или загинати лица. 

12.09.2024 - 21:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега