Груевски: Сакаат да ме уапсат пред референдумот

Никола Груевски, екс-премиерот денеска имаше прес-конференција за предметот Тенк.

- Имам сигурни сознанија дека на 30. вгуст откако се одложи седницата, в.д. претседателката откако било направено политичко дејствување, ги повикала сите судии кои треба да одлучуваат по предметот, со дирекно барање на седницата да сум прогласен за виновен, и да одам побрзо во затвор, вели тој.

Груевски вели дека планот бил на 7. септември да има пресуда.

Според Груевски целта е да биде уапсен пред референдумот.

- Повеќето од судиите се спротивставиле, а сега е јасно зошто е одбиено моето барање во петокот, вели тој.

Груевски рече дека нема да се појави на судењето утре со адвокатите.

 

 

 

04.09.2018 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега