Малолетник од Скопје претепан на улица

Во 03 часот синоќа 41-годишниот С.К. од Скопје се јавил во полиција и пријавил дека околу 21 часот и 30 минути на улицата “101“ во селото Волково, физички бил нападнат неговиот 15 годишен.

Полицијата информира дека неговиот син бил претепан од страна на десеттина лица на возраст од околу 13 до 17 години. Имено додека малолетниот се движел по улица заедно со неговата девојка лицата му пришле од позади и физички го нападнале удирајќи го со боксови и клоци, во пределот на главата и телото, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од страна на лекар во Ургентен Центар Мајка Тереза – Скопје.

СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

12.10.2017 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега