Утре почнува кампањата за локалните избори 2017

Партиите, коалициите и независните кандидати кои ќе учествуваат на локалните избори што треба да се одржат на 15 октомври годинава, утре ја почнуваат 20-дневната изборна кампања.

Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.

19 политички партии и коалиции и уште 64 независни листи и кандидатури за градоначалници од групи избирачи ќе ја бараат довербата од граѓаните на локалните избори закажани за 15 октомври.

Со жрепка во Државната изборна комисија беше утврден редоследот во единствената листа на кандидати на гласачките ливчиња за претстојните локални избори.

 

Прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора Коалицијата Алијанса на Албанците и НДП, трета ДУИ, четврта Коалицијата за Битола – ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, петта Коалиција Заедно за Гази Баба предводена од БЕСА, шеста НДМ, седма ВМРО-ДПМНЕ, осма Народно движење на Турците, деветта Алијанса на Албанците, 10-та е ТМРО, 11-та е Демократската парттија на Турците, ГРОМ е 12-ти, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 13-та, БЕСА е 14-та, ДПА е 15, Левица е 16, ПДП е 17, Сојуз на Роми е 18 и СДСМ 19-та.

Граѓаните на Скопје, на овие избори ќе добијат 4 гласачки личвиња, од кои по едно за градоначлник на Скопје и на својата општина и по едно за скопскиот градски совет и советот на општината во која живеат. Граѓаните од останатите градови на Македонија ќе добијат по две гласачки ливчиња.

Локалните избори за градоначалници се одржуваат во два круга, доколку во првиот еден од кандидатите не освои над 50% од вкупниот број на излезени гласачи. Вториот круг е закажан две недели по првиот на 29 октомври.

 

 

 

 

24.09.2017 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега