Груевски оствари средба со европратеникот Туне Келам

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во Брисел оствари средба со естонскиот  европратеник Туне Келам. Келам е неформален известител за Македонија во ЕП од сенка.

руевски вчера и денеска претстојува во дводневна работна посета на Брисел, каде главен настан е конференција за Западен Балкан што во организација на Европската народна партија (ЕПП) се одржува во Европскиот парламент.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера оствари средби со првиот човек на ЕПП, Жозеф Дол, Елмар Брок, европратеник и поранешен претседавач на комитетот за надворешни работи на ЕП, претседателот на ЕПП во Европскиот парламент, Манфред Вебер и со европратеникот и потпретседател на Словенечката демократска партија, Милан Звер.


Средба со европарламентарецот Туне Келам

 

 

 

07.06.2017 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега