Пресуди за хоророт во Диво Насеље во јуни

Судењата за хоророт кој минатата година се случи во кумановската Дива Населба треба да завршат во јуни. Судењето на 37 Албанци обвинети за учество во дводневната престрелка со македонските безбедносни сили во мај 2015 година во Куманово, во која загинаа 18 лица, треба да заврши за три месеци, најави еден од адвокатите на обвинетите, пренесе Балканска Транзициска Правда.

- „Според Законот за кривична постапка, судот е обврзан до јуни, поради тоа што обвинението е правосилно, да ја објави пресудата во прва инстанца“, изјави адвокатот, Мефаил Арслани.

Судењето за хоророт почна во февруари 2016-та година. Во почетокот на јуни минатата година, судењето започна од почеток, откако обвинителството одлучи да го спои овој предмет со друг, поврзан со овој случај, во кој осум лица се осомничени дека ѝ помагале на вооружената група.

За потсетување, при престрелките загинаа осум припадници на полцициските сили.

 

 

 

28.03.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега