Оваа фотографија предизвика хаос: Дали е ова нормално да се прави пред децата?

За некои ова е природна работа, за други сосема непримерно однесување.

Мајката блогерка, Ени Нолан на Инстаграм сподели фотографија на која седи на WC шоља со својата тригодишна ќерка на грбот.

- Кога мораш да мочаш, но само што си поминал 15 минути врзувајќи го своето дете на грб, напишала 27-годишната Ени во описот на фотографијата, и додала: „Сирота Делфи! Иако секој пат ме следи кога одам во тоалет. Ти благодарам што ми ја наруши приватноста и што секогаш ме смееш!“

Нејзините следбеници набрзо почнале да ја коментираат оваа смешна ситуација, додека некои решиле да ги споделат и своите приказни од тоалетот.

Сепак, се покажа дека мислењата за користењето на тоалетот пред децата се поделени, па многумина ја осудија Ени, бидејќи сметаат дека тоа е непристојно однесување.

 

 
 
22.08.2016 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега