Груевски: „Кранфилд Фаундри“ е значајна инвестиција, ќе се вработат 280 лица

Во индустриската зона Неокази во Пробиштип денеска се постави камен-темелникот на новата фабрика за производство на делови за монтажна, железничка и автомобилска индустрија на фирмата „Кранфилд Фаундри“.

Инвестицијата е вредна 15 милиони евра, а ќе се отворат 280 нови директни работни места, изјави Никола Груевски за ТВ Нова.

-Ќе има и поголем број индиректни работни места што за Пробиштип значи многу. Ме радува фактот што од 2006 година невработеноста значително е намалена, односно за 50 проценти. Многу работевме, и ќе продолжиме да работиме во насока на привлекување на нови инвеститори, а со цел да има отворање на работни места, не само во Пробиштип, туку и низ цела Македонија, подвлече Груевски.

 
 
26.07.2016 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега